ВИДЕО: Продолжува потрагата по третото лице за убиството кај Мавровка
И вечерва главниот град е под силно полициско обезбедување. Властите трагаат и по третото лице, откако претходно денеска уапси две други за убиството среде бел ден на 60-годишен скопски бизнисмен кај паркинг кај Мавровка. Директорот на БЈБ, Јанев вечерва објави и видеа од акцијата на специјалците кои се во потрага по третото лице поврзано со ова монструозно убиство.
„Во врска со денешниот настан на убиство што се случи во главниот град, сакам да ги известам граѓаните дека полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинирани полициски и истражни методи. Итно беа активирани и преземени сите мерки, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните.
Нашата цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки на криминални групи.
Законот и редот се и ќе бидат над криминално-мафијашките структури.
Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор е и ќе биде жесток и без компромис.
Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да се оствари тоа.
Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град.
Македонија е над се и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно“, напиша Јанев на ФБ.
ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА МОЖЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
20.08.2024 - 21:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа