(ВИДЕО) Пијан возач со камионет влета во ресторан - 30 лица завршија во болница


Околу 30 лица се повредени откако камионет влетал во ресторанот „Елкс лоџ“ во предградието на Феникс во американската сојузна држава Аризона.

Полицијата соопшти дека 73-годишниот Томас Едвард Кејн бил уапсен откако со својот камионет за да го напушти паркингот на ресторанот, случајно влетал во ресторанот околу 19 часот.

Полицијата соопшти дека причина за несреќата е тоа што Кејн бил во алкохолизирана состојба.

Властите соопштија дека 10 повредени биле пренесени во болниците со брза помош за лекување на повреди кои не се опасни по живот, кои се движат од длабоки исеченици до скршеници.

Едно лице е во критична, но стабилна состојба.

На уште 15 лица им била укажана помош на местото на настанот поради полесни повреди, а полицијата соопшти дека уште најмалку пет лица се пренесени во болници со повреди кои не се опасни по живот.

11.09.2024 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега