Прегазен пешак во кругот на Кванташки пазар во Струмица
Денеска околу 04.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека во кругот на Кванташки пазар во Струмица, возило „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.М., удрило во пешакот Г.К..
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
12.05.2025 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа