ВИДЕО: Паника кај туристите во Грција, туристи снимиле нешто што личи на ајкула

 

 

Во близина на брегот на грчкиот град Волос туристи снимиле нешто што личи на ајкула во морето и ова видео предизвика вистинска паника кај оние што го гледале, а моментно се во оваа земја.

„Волос е блиску до полуостровот Пелион, а не е далеку ниту Скијатос, па обрнете внимание“, напиша корисник на „Твитер“ над видеото.

И додека некои мислат дека се работи за ајкула, други се убедени дека се работи за сабјарка.

„Ова е марлин, ова не е ајкула. Ајкулата нема такви перки“, „Секое утро на Пилион гледав нешто како плива среде заливот, но не идентификував што е тоа“, „Би рекол дека е црн марлин или сабјарка“, „Не сакам да среќавам делфин кога нуркам“, се само некои од коментарите под видеото.

31.07.2023 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега