Рекоа дека му остануваат уште две години живот: Познатиот актер од „Роки“ ја победи најтешката болест
Ѕвездата на филмовите „Роки“, „Платеници“ и „Универзален војник“ Долф Лундгрен денеска соопшти дека ја победил најтешката болест. Актерот во интервју минатата година откри дека осум години се бори со ракот. Во 2015 година лекарите дадоа дијагноза и направија операција на бубрегот.
Тогаш изјави дека „му дале две-три години“, дека понатамошните анализи утврдиле дека има „уште шест тумори, од кои едниот бил преголем за да се отстрани и барал системска терапија“, за денеска да објави дека „ борбата е завршена“.
„Добро, тука сум. Ќе влезам и ќе се ослободам од последниот мртов тумор. Бидејќи нема повеќе канцерогени клетки во моето тело, претпоставувам дека ќе бидам без рак и со нетрпение очекувам. Правам аблација на белите дробови, тоа беше тешко патување и навистина ме научи да живеам во моментот и да уживам во секој момент од мојот живот, вели актерот.
Обожавателите во коментарите му испраќаа пораки со поддршка, па дури и „неуништливиот“ Чак Норис остави коментар на објавата на Долф.
-Одлични вести! Среќен сум што го слушнав ова, Долф, му напиша Норис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа