Во понеделник приватните автобуси ќе го блокираат Скопје - Извинете ама мораме

 

Приватните автобуски превозници во понеделник планираат да ги блокираат скопските раскрсници со своите автобуси. Не се задоволни што не се решава нивниот проблем, односно не се зголемува цената на изминат километар а Град Скопје не им ги исплаќа парите кои досега им ги должи

„ Доколку нема неко решение да се најде до понеделник, ние се извинуваме, но ќе мора да настапиме со блокади, со штрајкови на улиците. Во принцип, цело Скопје ќе биде блокирано.
Веќе е хаос во сообраќајот, без да блокираме. Значи доволно е една собраќајница да се блокира ќе настане голем хаос. Ние планираме повеќе раскрсници да фатиме. Планираме да почнеме од сабајле па да тераме цел ден.“ – изјави Влатко Тодоровски

Според првичните информации, планот е да се блокираат раскрсниците кај Автокоманда, Веро Џамбо и кај мостот во Нерези

28.11.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега