ВИДЕО на неделата: Водителот ѝ ги собра парите на ќерката од Коледе, а таа почна да плаче

Видеото кое дефинитивно ќе Ве насмее и ќе Ви го подобри расположението е објавено од познатата пејачка Сара Мејс. 

Имено, нејзината ќерка традиционално со нејзините другарчиња во текот на вчерашниот ден оделе по куќи и пееле коледарски песни. За возврат, по обичај, луѓето даваат пари, овошје, бомбони и други работи на коледарчињата. .

Но, кога си дошле дома, познатиот водител, сопругот на Сара Мејс, Димитар Атанасовски, прво ги изброја собраните пари на ќерка си, вкупно 320 денари. Нејзе ѝ подаде 30, 40 денари, а другите стана и си ги зема за себе. Ќерќичката наседна на шегата на нејзиниот татко, па почна да плаче. 

Водителот Атанасовски веднаш се врати и, ѝ ги подаде сите нејзини собрани пари, па ѝ кажа дека се шегува. Пејачката со прекрасен глас успеала да ја сними на камера целата оваа шега, па видете сами како тоа изгледа.  

07.01.2023 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега