Ковачки: Таравари да каже со што е уценет од СДС и ДУИ

 


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, го повика Арбен Таравари јавно да одговори со што е уценет од, како што ги нарече, криминалното дуо СДС и ДУИ. Ковачки истакна дека Таравари дошол на власт ветувајќи дека ќе ги прати ДУИ во опозиција и праша што се случило за само 10 месеци за тој повторно да се врати во нивна прегратка.

„Неговото неразумно однесување мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДС и ДУИ“, рече Ковачки.

Тој тврди дека Таравари на состаноците во Владата никогаш не зборувал за застојот во ЕУ интеграциите или за лошиот третман на албанските прашања, обвинувајќи го дека сега користи бледи алиби за неговото уценето делување.

„Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив? Тој докажа дека не е стабилен човек и треба јасно да им каже на граѓаните како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција“, заклучи Ковачки.

14.05.2025 - 11:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега