Лимонада за жешките денови и врели ноќи- трик со кој секогаш ќе имате студен пијалок

Лимонадата е идеален летен пијалок бидејќи е освежителен поради вкусот, а кога е убаво оладен, дополнително го радува организмот.

Покрај вкусот, лимонадата е исклучително здрава.

Ако пиете лимонада секој ден, можете да прескокнете неколку чекори во правењето, така што секогаш да имате подготвена и ладна лимонада, а трикот е исклучително едноставен. Лимонадата подготвена на овој начин секогаш ќе биде свежа и студена.

Прво исцедете неколку лимони. Потоа истурете го тој сок од лимон во калап за коцки мраз и замрзнете го.

Кога сакате лимонада, извадете две коцки и ставете ги во чаша вода и мешајте додека мразот не почне да се топи.

Ако сакате, можете да додадете и свежи листови од нане, и нема да ви треба мраз затоа што веќе ќе биде доволно ладен.

24.06.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа