(ВИДЕО) И новинарите не се пуштаат во црквта Св.Спас Хеликоптер го надлетува Калето
Прва година новинарите останаа пред вратите на Св. Спас, наместо во кругот на црквата каде се чествува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Снимателите кои влегоа внатре, до завршувањето на настанот не смеат ниту можат да излезат надвор. Наспроти ова, место имаше за делегациите, нивното обезбедување, протоколот.
Вратите пред црквата се затворени, а и таму стои човек кој го обезбедува влезот.
Објаснувањето за ваквиот протокол од Владата е високиот ризик кој го носи настанот. Има и новинари кои воопшто не добија акредитации за да присуствуваат на настанот.
Интересот е невообичаено голем, а тоа е и поради најавите за инциденти и поради најавеното доаѓање на Бугари од Бугарија што во Македонија беше оценето како провокација.
По поставувањето на венците заминаа и делегациите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа