ВИДЕО: Голема тепачка на навивачите на Партизан и на Војводина, објавена снимка од апсењата

Навивaчите на Војводина и на Партизан вчера имаа жестока пресметка во Нови Сад. Тепачката се случи пред вчерашниот дуел на двата клуба.

Приведени се голем број навивачи. Српските медиуми јавуваат дека тепачката била во центарот на Нови Сад, а забележани се повеќе од 15 полициски возила.

На социјалните мрежи се појавија видеа од апсењето на навивачите.

Војводина го победи Партизан со 2:1 со головите на Филип Малбашиќ и Немања Николиќ. Стрелец на единствениот гол на Партизан беше Данило Пантиќ.

02.04.2023 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега