Касиљас има психолошки проблеми: Изгледам дека сум добар, но не сум
Легендарниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Икер Касиљас потврди дека има психолошки проблеми.
Касиљас кариерата ја заврши во Порто, а пред да се пензионира се разведе од сопругата Сара Карбонеро, а доживеа и срцев удар на тренинг. Ваквите проблеми очигледно оставиле и психолошка трага врз голманот.
„Не спијам редовно. Сакам да изгледам дека сум добар, ама не можам да лажам, воопшто не сум добар, не можам да уживам во животот. Слушам многу стари песни и не можам да спијам навечер“, рече Касиљас.
Тој беше голман на Реал 16 години, одигра 725 натпревари за мадридскиот тим, а кариерата ја заврши во Порто каде ги помина последните пет сезони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа