ВИДЕО: Еден убиен во престрелка кај Мавровка

Еден загинат во престрелка која предмалку се случи кај Трговскиот центар Мавровка. Телевизијата Алсат во живо пренесуваше од местото каде е убиено едно лице.

Според наши информации, полицијата сѐ уште трага по сторилот. Се чека истражните органи да објават која е причината за пукотницата, втора во само десетина часа. 

Вчера во Сингелиќ беше пукано од возило во движење, а едно лице со повреди беше однесено на Клиничкиот центар.

20.08.2024 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега