(ВИДЕО) Детали за верижната сообраќајка кај Автокоманда: Едно лице заврши в болница

 

Едно лице заврши во ГОБ Св. Наум Охридски, како последица од верижната сообраќајка која утрово се случи во скопска Автокоманда, информираа од Министерството за внатрешни работи за „Прес24“. Во судирот учествувале четири возила и тоа: фиат, цитроен, фолксваген и цитроен, сите со скопски регистаски ознаки. 

„На 27.11.2023 година околу 09:00 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на Бул. Александар Македонски меѓу 4 возила: фиат, цитроен, фолксваген и цитроен, сите со скопски регистарски ознаки. Од незгодата досега е пријавено дека едно лице се здобило со повреди и е пренесено во ГОБ Св.Наум Охридски. Во моментов увидна екипа од СВР Скопје врши увид“, изјавија од МВР за нашиот портал.

За потсетување, како што информиравме утрово, верижниот судар на четири автомобили предизвика застој во сообраќајот и отежнато движење на автомобилите нешто пред 9 часот наутро. 

27.11.2023 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега