(ВИДЕО) Црногорската полиција на улица претепа екс-фудбалер на Вардар

Црногорски полицајци среде улица го претепале фудбалерот на Искра, Дамир Којашевиќ кој пред шест години го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Којашевиќ во петокот бил нападнат од полицајци, при што најави тужба против лицата.

„Одев кон училиштто на мојот син за да го земам, а група полицајци уклучија ротација и ме застанаа. Го претресуваа моето возило и мене самиот, иако им кажував дека немам ништо направено. Тогаш почнаа да ме малтретираат, ме удрија неколкупати. Никогаш ништо немам направено. Откако ја видов видео-сниката, решив да ги тужам, иако тие ме молеа да не го правам тоа“, изјави Којашевиќ.

 

31.10.2022 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега