(ВИДЕО) Бесими до новинарите: Не манипулирајте со човечки судбини, по ова не сум сконцентриран на другите работи

 

 

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, им се налути на новинарите оти му забележаа дека сѐ уште нема најдено пари за лекот „трикафта“ за сите пациенти. Кога му посочија дека пациентите може да умрат чекајќи лек од државата, тој ги обвини дека манипулираат.

„Значи, тие се 12 (лица за кои е набавен лекот), а другите може слободно да починат?“, прашаа новинарите, на што Бесими одговори: „Ова не е коректно, прво, кон тие граѓани, да дадете таква констатација. Не манипулирајте и тука ќе завршам со изјавата. Се манипулира со човечки судбини за вие да манипулирате. Не можам да прифатам некој да манипулира со човечки судбини. По ова, не сум концентриран на другите. Секој има право на живот. Тоа е универзално право. Првин проверете, видете во институциите, документи – па ќе разговараме. Одам на друг настан, одговарам на куп прашања и ми се нафрлува прашање на кое сум дал одговор, како и потпрашање, кое е некорентно поставено. Може јас така ве сфатив“, рече Бесими, лут затоа што новинарот му посочи дека другите за кои Владата нема набавен лек може да умрат.

Претходно, прашан до каде е набавката на лекот за другите критични пациенти, Бесими немаше конкретен одговор.

„Веројатно, институциите се во фаза на реализација. Мислам дека тоа прашање е апсолвирано“, рече Бесими, па прашан за колку лица е набавен лекот, тој додаде: „Колку што беше информирано, толку е постапено од Владата. Колку што беше дадена информација од Владата“.

Набавката на „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, кои го чекаат лекот, повторно заглави во министерско-владини лавиринти, алармираат родителите на пациентите. Елмир Сејфулаи, еден од родителите, денес пред Собранието на Република Македонија потсети дека модуларната терпаија сѐ уште не е достапна за пациентите, иако одамна се истечени роковите, кои Владата сама ги даде.

14.06.2023 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега