СДСМ: Македонија е понижена, осиромашена, задолжена и целосно девастирана

 


На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена, осиромашена, задолжена и целосно девастирана, велат од СДСМ.

„Мицкоски зборува за енергетика во моменти кога се соочуваме со најлошата енергетска политика во историјата на државата.

За прв пат во 35 години РЕК Битола не работи повеќе од седум дена. Најголемиот енергетски потенцијал во земјава е во целосна хаварија откако раководството на ЕСМ и РЕК Битола поставено од Христијан Мицкоски е во целосен колапс.

Потрошени се и хидроенергетските потенцијали во земјава, поточно, во период кога акумулациите низ земјава треба да бидат на својот потенцијален максимум, тие се на својот биолошки минимум со што се доведува во ризик потенцијалот за производство на електрична енергија во текот на зимските месеци кога електричната енергија е најскапа на меѓународниот пазар.

Македонија за една година има повеќе увезено струја отколку во последните три години власт на СДСМ. Пари кои директно се одлеваат од џебовите на граѓаните, а се плаќаат на фирми блиски до Мицкоски.

Нема ништо ниту од помпезно најавената инвестиција во ветерници од наводни 500 милиони евра. На таа локација има само ливада за пасење овци.

Мицкоски ветуваше дека за една година ќе ја направи Македонија енергетски независна, а гледаме дека се соочуваме со најголема енергетска зависност од осамостојувањето до сега.

ТЕЦ Осломеј наместо да работи, се користи за вработување на партиски војници, на списоци кои се правеа на социјални мрежи.

Додека цените на нафтата паѓа на светските берзи, во Македонија се зголемува од ден во ден и веќе стигнува до историскиот максимум.

За една година со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН Македонија е целосно понижена, осиромашена и како никогаш досега без видлива перспектива, стои во соопштението на СДСМ.

 

23.06.2025 - 21:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега