МНР со итен апел: Македонските граѓани во Блискиот Исток веднаш да ги контактираат амбасадите

 


Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.

МНР уште еднаш апелира до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, МНР ги повикува и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.

Во продолжение ги наведуваме контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби на Министерството:

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: [email protected]

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Е-пошта: [email protected]

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Е-пошта: [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: [email protected]

23.06.2025 - 20:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега