Велковски: Во март ќе растат пензиите - пресметуваме колку

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска истакна дека во постапка се пресметките за раст на мартовските пензии.

-Да, во постапка се. Веќе добиени се податоци од Завод за сатистика каде што точно по формула треба да се пресметаат. Започнати се и ќе се има согласно закон според формулата ќе се пресмета оној процент за нивната минимална пензија, за покачувањето, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.

На новинарско прашање колку би било покачувањето, техничкиот министер нагласи дека со конкретни бројки ќе излезат кога ќе заврпшат сите работи.

-Во овој момент да не збориме за бројки. Конкретни да бидеме. Ќе излеземе со бројките. Да бидеме конкретни, да оставиме граѓаните да не шпекулираат меѓу себе колку и зошто, рече тој

19.02.2024 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега