Се огласи Меџити: За Чаир ја напуштам владата - се враќам меѓу мојот народ
Откако од коалицијата Вреди објавија дека Изет Меџити е нивниот кандидат за градоначалник на Чаир, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање се огласи на социјалните мрежи.
„Од срце - ВИ БЛАГОДАРАМ!
Претседателството е повик што не можам да го одбијам!
Претседателството е обврска што понизно ќе ја исполнам!
За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив правилниот и правилен избор.
Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка.
Победа. За Чаир.
Нека биде за наше добро!“, напиша Меџити само на албански јазик на социјалната мрежа ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа