Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден

 

Свештената Бигорска обител и годинава традиционално ќе го одбележи 2 Август - Денот на двата Илиндена, со литургија во село Лазарополе и со доксологија - молитва за татковината во Бигорскиот манастир.

-На денот кога го славиме споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 122-годишнината од херојското Илинденско востание, централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе. Со литургијата ќе чиноначалствува архимандрит Анатолиј, информираа од Бигорски.

Исто така, утре ќе се одржи и доксологија - молитва за татковината.

- Свечениот чин на доксологија - молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената бигорска обител. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.

Инаку, како што за галичани важи „каде и да си, за Петровден во Галичник да си“ за лазорополчани тоа е Илинден. Веќе се пристигнати голем број поранешни жители и нивни потомци. Неизоставен белег на одбележувањето ќе биде и групата Мајовци, чиишто предци потекнуваат токму од ова село, од каде се доселиле во Дебар.

01.08.2025 - 17:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега