(ФОТО+ВИДЕО) Премиерот од Скопје: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија
Денес по повод чествувањето на големиот празник 2 Август - Ден на Републиката, Илинден ,премиерот Христијан Мицкоски во Скопје даде изјава за медиумите.
„Дозволете ми од овде, од центарот нa нашиот главен град, Скопје да го честитам големиот празник Илинден. Овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме , а тоа е слободна, независна држава Македонија“, порача премиерот од Скопје.
„Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите кои што следат после нас, држава во која што имаме среќни граѓани, држава која што ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде татковина на сите без разлика на етничката припадност. Овој ден нека не обединува, да се слави, да ни е вековит, да го чествуваме достоинствено и на помош нека ни е Свети Илија“, порача премиерот на овој голем државен празник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа