Велјановски: На граѓаните им е преку глава од лажење, потребни се политичари кои нудат реални проекти кои ќе ги реализираат

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, Александар Велјановски, на вечерашната дебата на 24 Телевизија истакна дека на граѓаните им е преку глава од лажење, потребни се политичари кои нудат реални проекти кои ќе ги реализираат.

-Она што би сакал да го напоменам од комуникацијата со граѓаните на Македонија им е потребна стабилна политика, политичари кои нудат реални проекти кои можат да ги реализираат, вели Велјановски.

Тој истакна дека Коалицијата за Обнова на Македонија ги застапува сите граѓани, се надева дека граѓаните ќе се препознаат во програмата и токму затоа во овој период се трудат таа програма да ја достават до поголем број на луѓе.

Велјановски наброи дека во проектот обнова предвидени се четири столба и тоа за ефикасна држава и силни институции, столб за конкурентен приватен сектор, интегрирана и стабилна безбедна земја и столб за подобри услови за граѓаните.

-На луѓето им е преку глава од лажење,затоа нашиот економски тим ја креираше програмата во рамки на сегашните можности на буџетот, со истата ќе придонесеме до подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега