„Шмркале“ во кола - уапсени двајца охриѓани
Полицијата приведе двајца охриѓани откако едниот бил фатен како „шмрка“ во автомобил, а потоа службениците пронашле и друга дрога
-Вчера во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија М.К.(33) и Н.С.(38), двајцата од Охрид. При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, М.К. е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај Н.С. пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа