Борисов: Ако Мицкоски сака добрососедство, сите ќе си ги мериме приказните

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, го повика претседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да си ги измери зборовите по изборите во Македонија.

„Го повикувам колегата Мицкоски , тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа. Му честитав за неговиот успех, но со оваа реторика ја видовте целата бугарска политичка класа запалена. Ако сака добрососедство имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните“, рекол Борисов во Бургас за време на предизборен настан.

Мицкоски го заостри јазикот против Бугарија, па дури и коментира дека ќе чека поразумен премиер со кој ќе може да разговара. 

Ова следува откако премиерот на Бугарија Димитар Главчев рече дека Бугарија нема да прави отстапки во однос на Македонија.

12.05.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега