Падна ли договор? Заврши средбата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ

Заврши средбата меѓу лидерството на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција, ВРЕДИ во нивното седиште на Плоштадот Скендербег.

Деталите од средбата сѐ уште не се познати но првичните информирации се дека преговорите одат во позитивна насока. Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да испрати соопштение до јавноста со што практично ќе биде откриено што точно било разговарано на средбата. 

Кратка изјава по средбата дадоа од Коалицијата ВРЕДИ, но без премногу детали. И оттаму најавуваат повеќе информации преку соопштение за јавноста. 

-Како што сте сведоци, денеска претставници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ беа во седиштето на ВРЕДИ за да остварат средба со претставници, односно со лидерите на ВРЕДИ. Преговорите одат во позитивна насока. Од понеделник ќе се формираат работни групи. Наскоро, во текот на денот ќе бидете информирани со соопштение, изјави Башким Бакиу од ВРЕДИ веднаш по завршување на состанокот.

 

11.05.2024 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега