Вархеји: ГАК испрати јасна порака за посветеноста на ЕУ на процесот на проширување

Усвоените заклучоци од страна Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) за проширувањето се фундаментални за напредокот на политиката на проширување и со нив се потврдува напредокот на 10-те кандидати за членство и се испраќа јасна порака за посветеност на проширувањето на Унијата со земјите од Западниот Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по денешното заседание на ГАК. 

- Ова е година на моментум на политика на проширување на ЕУ и драго ми е што не само што успеавме да дадеме предлози до Советот, туку донесовме и одлуки, рече Вархеји.  

Според него, конечната одлука околу процесот на проширување сепак останува да биде донесена на Европскиот совет, чие заседание е предвидено за четврток и петок. 

- Ќе видиме каква стратешка одлука ќе донесат лидерите на Советот оваа недела и се надеваме дека ќе се согласат на јасна порака и ќе ја потврдат посветеност на јасна перспектива за членство на Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, врз основа на препораките на Комисијата, додаде Вархеји. 

12.12.2023 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега