Украина добива нови ракети со долг дострел од Велика Британија

 

 

 

Велика Британија и донира ракети со долг дострел со цел да ја зајакне способноста на Киев во нападите врз руските трупи.

Британија соопшти дека и донира ракети со долг дострел на Украина, со цел да ја зајакни способноста на Киев на ги нападне руските трупи.

Бен Валас, министерот за одбрана изјави дека потврдува дека Обединетото Кралство и дониира ракети од типот „ Сторм Шадоу“ на Украина. Ракетите од овој вид имаат дострел повеќе од 250 километри.

„Употребата на овие ракети ќе и овозможи на Украина да ги потисне руските сили кои се наоѓаат на украинска суверена територија“, додаде тој.

Британските медуми објавија дека Киев ветил дека оружјето нема да го користи врз напад на областите на Русија.

Портпаролот Дмитриј Песков истакна дека Русија на оваа вест гледа прилично негативно.

„Тоа ќе бара соодветен одговор од нашата војска која дефинитивно ќе ги донесе одлуките што се бараат во воена смисла“,рече тој.

Веста беше објавена кога Украина доби значајна победа на бојното поле, во источниот дел од земјата, надвор од градот Бахмут.

11.05.2023 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега