УХМР предупредува:Следува нов топлотен бран
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/06/17/499495-toplo-vreme-do-krajot-na-mesecot.jpg?itok=cwkygV-v)
Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. UV=8, соопшти УХМР.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.
Наредните денови се очекува стабилно и многу топло време.
Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота.
Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.
17.06.2024 - 11:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа