Уапсен жител на Кратово, осомничен за обљуба на малолетничка
Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка.
- Во текот на вчерашниот ден, 7 декември 2023 година, во 16.45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка од Куманово, со која претходно бил во љубовна врска. Истото лице се сомничи и дека извршило полови дејствија врз неа, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.
Кратовчанецот К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа