Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп

 


Неофицијално крим полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево го уапсила Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија.

Уапсен е поради пријава за мито од 10 илјади евра. Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за пшверц на марихуана. Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд. На седницата на Судскиот совет, откако синот беше избран за судија кривичар во Скопје Наке Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет. Синот беше еден од 25-темина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава.

Во текот на денот се чекаат детали од МВР.

20.05.2024 - 17:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега