Трет месец по ред намалување на цените на производите во маркетите во Германија

Цените во Германија го забавуваат растот трет месец по ред, а експертите веруваат дека врвот на инфлацијата е поминат, соопшти денеска Федералниот завод за статистика.

„Се повеќе работи укажуваат дека врвот на инфлацијата е зад нас“, вели економистот на Хаук Банк, Ауфхаузер Лампе.

Тој рече дека намалувањето на цените на производителите наскоро може да се одрази и на намалувањето на малопродажните цени.

Федералното биро за статистика денеска објави дека цените на производителите во декември, во однос на ноември, се намалиле за 0,4 отсто, што е трет месец по ред како цените се намалуваат. Во декември, споредено со истиот период лани, продажните цени се повисоки за 21,6 отсто. Во август, споредено со истиот период од 2021 година, цените се повисоки за 45,8 отсто. Од септември, темпото на раст на цените почна да опаѓа. Во цела 2022 година цените се зголемија за 32,9 отсто, што е рекордна вредност од воведувањето на статистиката во 1949 година.

Главната причина за поскапувањето се цените на енергенсите, кои се зголемија по рускиот напад на Украина.

Цените на енергијата во декември 2022 година се за 41,9 отсто повисоки отколку во истиот период во 2021 година. Цените на гасот и нафтата почнаа да се намалуваат кон крајот на годината, што исто така имаше влијание врз намалувањето на стапката на поскапување. Цените на бензинот почнаа да се намалуваат по отворањето на првите германски терминали за течен гас, но и поради поблагата зима и помалата потрошувачка.

20.01.2023 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега