Трамп и Си Џинпинг во телефонски разговор: Ќе го направиме светот помирен и побезбеден
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал добар телефонски разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг за голем број прашања, вклучувајќи ги трговијата и ТикТок.
„Повикот беше многу добар и за Кина и за САД. Очекувам заедно да решиме многу проблеми и да почнеме веднаш. Разговаравме за балансирање на трговијата, фентанил, ТикТок и многу други теми“, напиша Трамп во објавата на својата социјална мрежа.
„Претседателот Си и јас ќе направиме се што е можно за да го направиме светот помирен и побезбеден!“.
Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа претходно објави дека Кси и Трамп разговарале телефонски денеска, но не наведе дополнителни детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа