Трајков: Општините ги користат европските пари за раст и развој
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев денеска остварија средба со градоначалникот на општина Демир Хисар, Никола Најдовски.
На средбата, како што соопшти Министерството за европски прашања, се дискутирало за подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање, а се разговараше и за тековните и идните проекти од областа на земјоделството и можностите за поддршка преку европските фондови. Посебен акцент бил ставен на унапредување на инфраструктурата и креирање на нови можности за локалните земјоделци.
Во рамки на посетата, делегацијата предводена од заменик-министерката Трајков извршила и обиколка на компанијата Ксенос, која е корисник на ИПАРД програмата и има земено 13 милиони денари поддршка за развој.
-Министерството за европски прашања секогаш е подготвено да помогне во давањето на насоки и мотивација на општините да аплицираат и да ги користат средствата кои се достапни преку ЕУ фондовите, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа