Тошковски за синоќешните инциденти во Капиштец: Се преземаат мерки, мора и родителите да поведат сметка
Во врска со синоќешните инциденти што ги објави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски дека малолетници во Капиштец палеле петарди и вандализирале, Тошковски истакна дека ова не е прв случај.
-Три вакви настани се регистрирани изминатиов период, се постапува од страна на МВР. Најголем дел од лицата се малолетници и во однос на нив се преземаат соодветни постапки. Реагираме, но се повторуваат ваквите несакани настани. Ќе сториме се за превенирање, но преземеме и репресивни мерки ако е потребно. Мора и родителите да поведат сметка, порача министерот.
15.12.2024 - 15:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа