Тошковски: Кривична за екс премиерот Ковачевски за проневера во Лотарија
Екс премиерот Ковачевски добил кривична пријава од полицијата за аферата Лотарија. Информацијата на прес конфернеција туку што ја потврди Министерот Панче Тошковски.
Обвинителството веќе објави дека 8 милиони евра тежи проневерата за која Обвинителството собира докази против екс вицепремиерот Артан Груби и неговата десна рака, Перпарим Бајрами, поранешен директор во Лотарија.
Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа “Државна лотарија” на РСМ, во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво. – се вели во соопштението на Обвинителството.
Покрај Груби и Бајрами, Обвинителството собира докази и за уште 4 лица кои биле дел од комисиите за јавни набавки под сомнение дека сите заедно спротивно на законот спроведувале тендери за набавка на апарати за коцкање.
Биле извршени 9 претреси во Скопје и Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа