Топла пролет за Велигден: Какво време не чека за продолжениот празничен викенд
Ако се исклучат повремените услови за врнежи од дожд утре и во четврток тогаш ќе може да се констатира дека оваа празнична велигденска недела ќе имаме пријатно пролетно време.
Нешто слично на денешното се очекува да биде и утрешното утро, со тоа што услови за врнежи од дожд ќе има нешто подоцна во текот на денот. Утре ќе имаме температури кои ќе се доближуваат но нема да надминуваат 20 степени.
Во среда ќе настапи разведрување што ќе донесе повеќе сонце и температури кои ќе стигнат и до 25 степени.
Сличен ќе биде и четвртокот кога услови за слаби врнежи од дожд се најавуваат во текот на попладневните и вечерните часови.
Штом ќе почнат неработните денови се најавува убаво пролетно време.
Во петок се очекуваат температури околу 25 степени со сончево време. Слично ќе биде и во сабота и во недела. Во текот на целиот викенд, не се очекувааат врнежи од дожд а температурите треба да се движат околу 23 степени.
Исто време ќе имаме и во понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа