Тинејџерка со „порше“ излетала во Скопје – повредени пет млади девојки
Пет девојки се повредени, од кои две со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во Скопје. Како што соопшти МВР, во 03:25 по полноќ 19-годишната А.Ц. излетала со возило „порше“.
-Денеска во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа