Тинејџер со автомобил излета од патот Битола-Демир Хисар, две лица тешко повредени

Вчера во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(19) од Крушево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

05.07.2024 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега