Адвокатот Јанаки Митроски го тужи Апасиев за клевета - еве ти шанса да ме прегазиш на суд

Како што најавив покренав постапка за утврдување на граѓанска одговорност за клевета против пратеник Димитар Апасиев поради клевети изречени во очи парламентарни избори на youtube каналот на Инфомакс, напиша адвокатот Јанаки Митровски на социјалната мрежа Фејсбук.
 
Еве му прилика на Апасиев да ме прегази на суд како најбоље икада, или пак да направам математичко чудо и да докажам дека сепак 6 e поголемо од 10. Спомнување починати родители, во било кој контекст, пуштање психијатриски случеви да ми навредуваат сопруга или семејство НЕ ПРОСТУВАМ!, нагласи Јанаки.
 
"Дополнително, на име надомест на штета поради душевни болки за искажани клевети побарувам износ од 120.000,00 денари. Истовремено барам посочениот износ да го уплатите на жиро сметка на Здружението на граѓани Младински Образовен Форум, дел од мрежата невладини на Фондација Отворено општество, попозната како Сорос, од кое здружение своевремено бевте дел, се со цел да на ваков начин и самото Здружение има feedback од Вам кога веќе учествувале во Вашето протежирање и градење како интелектуалец.", напиша Јанаки.
 

08.07.2024 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега