Пожар во росоманско Крушевица, зафатен објект

Пожар зафати објект во росоманското село Крушевица, а од Територијалната противпожарна екипа Кавадарци велат дека на терен се шестмина пожарникари со четири возила.

Засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот, но нагласуваат дека од пријавата за пожарот, веднаш се заминати на лице место и прават максимум од тоа што може да се стори во вакви услови.

08.07.2024 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега