ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции

Ја разбираме фрустрацијата на СДС и Венко Филипче кои се китат со перјата на оваа влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но нивното време заврши. За само две недели, две големи инвестиции. Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот. И инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра. Се потврди по којзнае кој пат и дека за СДСМ само ВМРО-ДПМНЕ може да донесе нови инвестиции во државата, што зборува за недостатокот на елементарна работливост од страна на СДС кои 7 години здружно крадеа со ДУИ, па затоа за нив посветеноста на оваа влада е недостижна цел на која ѝ придаваат супер моќи.

Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции. Од друга страна додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи СДСМ повторно прави очајнички обиди да го минимизира успехот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека реалноста и напорната работа на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат нивните способности. Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги постигнуваме нашите цели, без оглед на саркастичните и несериозни коментари од СДСМ, партијата која ја урниса државата претворајќи ја во срамна филијала на белосветскиот и домашниот криминал. Венко Филипче и Зоран Заев се лошото лице на власта на СДС и ДУИ. Нашата посветеност кон привлекување инвеститори е јасна и недвосмислена. Преку промовирање на Македонија како стабилна и атрактивна дестинација за инвестирање, ние ќе продолжиме да ги реализираме нашите ветувања и да ја подобруваме економската состојба на сите граѓани“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

08.07.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега