Тигрите во зоолошката градина во Џакарта се опоравија од ковид, не се знае како се заразиле

Два суматрански тигри во индонезиска зоолошка градина, кои што биле позитивни кон средината на јули, закрепнаа од ковид-19, објави денеска  владата во Џакарта, а властите се обидуваат да откријат како се заразиле.

Тино, 9-годишен тигар и Хари, 12-годишник, биле тестирани за коронавирус, откако и двајцата имале симптоми слични на грип, тешкотии при дишењето и губење на апетит, се вели во соопштението.

Тигрите биле третирани од 10 до 12 дена за време на кои постепено покажувале знаци на закрепнување, рече Сузи Марситавати, шеф на канцеларијата за паркови и градски шуми во Џакарта. Таа додаде дека нивниот апетит прво се вратил и дека повторно станале активни и дека и покрај нивното закрепнување, тие и понатаму се под контрола.

Таа, исто така, посочи дека властите работат на откривање како се заразиле тигрите.

Кога животните почнале да покажуваат симптоми, Зоолошката градина Рагунан во Џакарта веќе била затворена поради претходни мерки за контрола на пандемијата.

Сузи Марситавати рече дека ниту еден од работниците не бил позитивен на коронавирус во времето кога животните биле заразени.

Индонезија претрпе најлоша ситуација со коронавирусот во Југоисточна Азија со повеќе од 3,4 милиони инфекции и повеќе од 94,000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

 

01.08.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега