Тешко повредена малолетничка при судир на автомобил и мопед во Струмица
Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „сеат“ со германски национални ознаки, управувано од Ѓ.С.(35) од село Мокриево, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничката на мопедот, а со телесни повреди се здобила С.В., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
21.06.2024 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа