Тешко повредена малолетеничка во близина на тетовско училиште

 

Во 13 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видоја Смилевски-Бато“, во близина на тетовско основно училишта, патничко моторно возило „фолксфаген голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната А.А. од Скопје удрило во малолетен пешак.

Во несреќата, малолетничката се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

27.11.2023 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега