Тешко повреден млад мотоциклист во сообраќајка со автомобил


Вчера во 11.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(50) од с.Маргари, општина Долнени и мотоцикл „јамаха“ со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од А.А.(25) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

26.05.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега