„Тешко ми е, многу ми е тешко“ - Шарл Мишел не спие после инцидентот со Урсула и софата

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел чувствува непријатност поради инцидентот поврзан со распоредот за седење на состанокот одржан во Анкара оваа недела, пишува германскиот весник, „Ханделсблат“.

Урсула Вон дер Лајен, првата жена претседателка на Европската комисија, беше изненадена од состанокот кога сфати дека Мишел го зазеде единственото слободно место покрај турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, а таа остана на каучот.

На видеото се гледа како претседателката седи на каучот и е далеку од своите машки колеги. Нејзиното незадоволство можеше и да се види и чуе, а Шарл Мишел не реагираше, туку седна со Ердоган на едно од двете подготвени столчиња.

„Оттогаш не спијам добро, тие сцени постојано ми се вртат во главата“, рече Мишел и додаде дека би ја поправил ситуацијата кога би можел да го врати времето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2021 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа