Таравари: 9 пациенти денес си одат дома, 8 се враќаат од странство
Во државава вкупно се лекуваат 24 пациенти, од кои во Клинички центар 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, 8 во „8-ми Септември“, додека во приватните клиники се 3 пациенти.
Денес ќе бидат испишани 9 пациенти, кои се во стабилна добра состојба и може да продолжат со домашно лекување. Утре ќе останат 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има за испис. Вчера се вратија 5 пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден од Грција и 4 од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денес е најавено враќање на 8 пациенти, по двајца од Белгија, Австрија, Турција и Хрватска. Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари.
Генерално, посочи министерот, сите пациенти се во добра стабилна состојба, освен 4 пациенти кои беа критични и сеуште се.
Според вестите денес се во подобра состојба од вчера, но се уште се во релативно тешка здравствена состојба. Секојдневно генерално здравствената состојбата на пациентите е подобра, додаде Таравари.
Во поглед на лекувањето на пациентите во Кочанската болница беше потенцирано дека во истата фалат кадри и материјали, но се формираат тимови и ќе се набави се што е потребно за поддршка на пациентите кои се во полесна состојба, да можат да им се прават преврски во Кочани за да не патуваат до Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа