Водовод: Користете ја водата разумно - ќе имаме намален притисок во Скопје
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје апелира граѓаните рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
-Енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното претпријатие.
Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода истите да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа