Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

 

Премиерот Христијан Мицкоски, им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам. Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат.

„Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со права, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека оваа Влада освоила над 600.000 гласови и ќе биде победник на локалните избори.

 

11.08.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега